Јанша го поддржува членството на Украина во ЕУ

Јанез Јанша/ Фото Архива на Слободен печат

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска изрази целосна поддршка за забрзана процедура за членство на Украина во Европска Унија за Украина.

– Ја имате нашата целосна поддршка, напиша на Твитер Јанша, кој заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела го повикаа Европскиот совет да преземе „брзи и храбри одлуки” за прием на Украина во ЕУ.

И чешкиот премиер Петр Фиала истакна дека е неопходно да и се даде на Украина јасен сигнал дека е добредојдена во европската заедница на демократски земји.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара итен прием на неговата земја во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот