Јани Атанасов на радарот на шкотскиот гигант Селтик?!

Селтик би можел да биде голем чекор во кариерата на Јани Атанасов/Фото: ФФМ

Како што тврди хрватскиот новинар Изак Анте Сушиќ, Селтик бара да го ангажира дефанзивниот играч за врска на Хајдук, Јани Атанасов (22).

Македонскиот фудбалер во рамките од хрватскиот шампионат имаше еден прекрасен гол во дербито против Динамо Загреб пред неколку дена.

Навивачите на шкотскиот гигант се надеваат дека клубот ќе донесе нов дефанзивен играч за врска пред крајот на преодниот рок.

Атанасов е во својата последна година од договорот и Хајдук е подготвен да преговара за продажба на нашиот играч.

Летниот преоден рок завршува на почетокот на септември, па останува да се види дали навистина најтрофејниот клуб во Шкотска има намера да го ангажира Македонецот.

Претходно во клупската кариера Атанасов беше дел и од Академија Пандев и турскиот Бурсаспор, а лани дебитираше за нашата најдобра репрезентација во квалификациите за СП против Ерменија (5:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот