Јаневски: Во РСМ нема мерни единици кои покажуваат колку е загаден воздухот

Љупчо Јаневски /фото: МИА

Евидентно е дека произведената електрична енергија ја добиваме од РЕК Битола и ТЕЦ Неготино со загадување и јаглен од увоз ,а мерните станици кои ги немаме треба да покажат колку е загаден воздухот во Македонија, напиша на својот фејсбук профил директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

-Каква е логиката од субвенционирање на клима уреди кога енергијата не ја добиваме од обновливи извори. Овие средства во буџетот на градот треба да се пренаменат за поставување на фотоволтаици по училиштата и со заштедата на енергија ќе го намалиме загадувањето во државата. Затоа ова и не е некое решение за поздравување. Рекордни 24 милиони денари издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер – клима уреди, напиша на својот фејсбук профил Јаневски.

Според него ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот