Јаневски: Минатата година рекорден туристички прилив – речиси 600 милиони долари

Љупчо Јаневски - директор на агенција за туризам / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Рекорден туристички прилив од 598,5 милиони долари за 2023 година во македонската економија!, напиша на својот фејсбук профил поранешниот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

„Тргнавме од 327,05 милиони долари во 2017 година и застанавме на 598,5 милиони долари во 2023 година, со што се реализираа сите повлечени стратешки потези во короната и во изминатите шест години! Благодарност и капата доле за сите туристички работници кои веруваа во една визија и застанаа рамо до рамо за нејзината реализација! Државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво!“, напиша Јаневски.

Јаневски поднесе оставка од функцијата кон крајот на минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот