Јанчев бара да се разрешат двајцата директори кои се тепаа во ноќен клуб во Кавадарци

Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на двајцата директори на основни училишта по инцидентот со нарушување на јавен ред и мир, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Во соопштението се појаснува дека градоначалникот заедно со службите на општината Кавадарци, денеска ја разгледале состојбата со инцидентот.

„Доставени се дописи до училишните одбори на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци и ООУ „Тошо Велков Пепето“. Се бара разгледување на информациите од ОВР Кавадарци и СВР Велес за инцидентот во кои се вклучени двајцата директори и училишните одбори да донесат одлука за разрешување на Ѓорѓи Ѓорчев од директорската функција во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ и Сашко Пановски од директор на ООУ „Тошо Велков Пепето“, се додава во соопштението.

Како што завчера информираа од СВР Велес, на 10 јуни околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето.

По инцидентот веднаш се огласија родителите на децата кои истакнаа дека се згрозени од настанот.

„Ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се превземе одговорност и да си поднесат морални оставки. Градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директорите на основните училишта“, порачаа родителите преку локалната фејсбук група „Реално Кавадарци“, каде што беше објавено видео од тепачката.

На социјалните мрежи се појави и скандалозната снимка од тепачката, но истата за кратко беше избришана.

„По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, нагласи тогаш Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Двајца директори на основни училишта се тепале во ноќен клуб во Кавадарци, го нападнале обезбедувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот