Јакимовски: Денешните избори беа мирни и достоинствени

Стевчо Јакимовски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, Стевчо Јакимовски на прес-конференција оцени дека денешниот изборен ден поминал мирно и достоинствено и дека сме покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори.

– Јас во оваа изборна кампања немам никаква забелешка на однесувањето на моите противкандидати, на нивниот вординг, на нивниот речник, освен една забелешка што имавме само една дуел емисија и освен онаа забелешка дека двајца кандидати беа исклучително финансирани за медиумско претставување во оваа изборна кампања што сметам дека во следните избори тоа треба да се корегира и да биде рамноправна поделба на средствата. Сметам и дека немањето на дуел емисии ја направи оваа кампања не толку атрактивна и од тие причини гледаме дека се уште немаме 50 отсто од излезеност на граѓаните на гласачките места, истакна Јакимовски.

Упати критика за гласањето во дијаспората бидејќи таму, како што посочи е работен ден и граѓаните имале проблем да излезат од работа.

– Јас со луѓе што контактирав од дијаспората ми велат не можеме да им објасниме на нашите работодавачи, на нашите колеги, сметаат дека ги лажеме да излезеш од работа за да одиш да гласаш затоа што во нашите земји се’ се одвива онлајн и мислам дека ова е исто така еден голем недостаток којшто треба да се поправи до следните претседателски и парламентарни избори, рече Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот