фото: Профимедиа

Јахја Синвар, човекот кој Израел најмногу сакаше да го убие, досега беше недопирлив – дали сега е навистина мртов?

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека ја истражува можноста палестинскиот лидер на Хамас Јахја Синвар да е убиен во напад во Газа. Ова не е првпат да се прават претпоставки за смртта на Синвар, кој досега го преживеал секој обид за атентат.

„За време на израелските операции во Газа беа елиминирани тројца терористи. Израелската армија (ИД) ја проверува можноста дека еден од терористите е Јахја Синвар. Во оваа фаза идентитетот на терористот не може да се потврди“, соопшти ИД, пренесе Ројтерс.

Истата информација за можната смрт на Синвар последен пат се појави на крајот на септември. Иако се веруваше дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен, по многу шпекулации за неговата смрт, САД на почетокот на октомври соопштија дека тој е жив.

Според Бред Мекгурк, специјалниот советник на Белата куќа за Блискиот Исток, Синвар најверојатно се крие во подземен тунел во Појасот Газа, заедно со заложниците.

– Јахја Синвар останува оној што одлучува. Веруваме дека тој е жив и дека е во тунел под Газа, веројатно со заложници во негова близина – изјави Мекгурк на почетокот на месецот за време на разговор со американски рабини, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Ова се најдеталните информации за статусот на Јахја Синвар што ги дал висок американски функционер во последните недели, па дури и месеци, пренесе Тамјс оф Израел.

Во текот на изминатите неколку недели, медиумите објавија дека Синвар, по повеќе од еден месец неактивност, повторно воспоставил контакт со претставници на Хамас надвор од Појасот Газа.

Мекгурк истакна дека американската влада верува дека војната во Појасот Газа може веднаш да заврши доколку Синвар се согласи да ги ослободи преостанатите 101 израелски заложници кои ги држеше Хамас.

Зошто Синвар е „недопирлив“?

Во последната година Израелците ликвидираа голем број високи функционери на Хамас. Тие се покажаа како уште поефикасни во борбата против претставниците на Хезболах. Но, и покрај овие успеси, главната цел во борбата против Хамас, мозокот на операцијата во која пред 365 дена животот го загубија многу Израелци, Јахја Синвар, се уште не е отстранета од израелската листа, пишува „Дејли мејл“.

За време на војната, лидерот на Хамас е недостапен за Израелците и јавноста, а единствената трага на која наводно може да се види е забележана во тунел во кој, се чини, со него биле сопругата и трите деца, а тој носел голема торба во раката.

– Во таа вреќа има околу 25 килограми динамит, а околу неа има најмалку 20 заложници. Така сака да ја спречи неговата смрт – изјави Коби Мишел, вработен во Шин Бет, израелската агенција за безбедност.

Можевме да го убиеме неколку пати, но ако го убиевме, ќе ги убиевме и заложниците околу него – додаде тој.

Синвар, наводно, не се кае за нападот што започна на 7 октомври минатата година, кој индиректно предизвика смрт на повеќе од 40.000 негови сонародници, велат луѓето кои биле во контакт со Синвар.

Израелскиот новинар Бен Каспит ја коментираше целата ситуација околу Синвар:

„Имаше и порано случаи кога мислевме дека е мртов, па ќе се појави од некаде“.

Кој е Јахја Синвар?

Палестинското движење Хамас го избра Јахја Синвар за нов лидер на движењето во Појасот Газа, а уште тогаш тој ја презеде функцијата од Ханије во февруари 2017 година, кој беше избран за политички лидер на Хамас во мај истата година. Јахја го освои вториот мандат како шеф на Хамас во Газа од 2021 до 2025 година.

Според јавно достапните податоци, Синвар бил еден од основачите на безбедносниот апарат во Хамас и е втора најмоќна личност во милитантната организација. Во септември 2015 година, американската влада го стави на списокот на терористи, додека заедно со другите земји ги прогласи Хамас и бригадите Ал Касам за терористички организации.

Роден во бегалски камп

Синвар е роден како Јахја Ибрахим Хасан Синвар во 1962 година во бегалскиот камп во Кан Јунис, кога бил под египетска власт, каде го поминал своето детство. По завршувањето на средното машко училиште Кан Јунис, тој присуствуваше на Исламскиот универзитет во Газа, каде што дипломира арапски студии.

Тој првпат беше уапсен во 1982 година за субверзивни активности и одлежа неколку месеци во затворот Фара, каде што се сретна со други палестински активисти. По три години повторно е уапсен, а по ослободувањето, заедно со Рави Муштах, ја основал безбедносната организација „Мајд“, која се занимавала со идентификација на израелските шпиони во палестинското движење и која во 1987 година станала „полиција“ на Хамас.

Следната година организирал киднапирање и убиство на двајца израелски војници, по што бил уапсен и осуден на четири доживотни затворски казни во 1989 година. Неколку пати се обидел да побегне, но секогаш бил фатен. Тој одлежа 22 години пред да биде ослободен во 2011 година и се врати во Газа во размена на затвореници за израелскиот војник Гилад Шалит, пренесува Блиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот