Израелски министер се закани дека Нетанјаху нема да биде премиер ако не го нападне Рафах

Бен Гвир / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир денеска се закани дека ќе ја собори Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку тој ја прекине војната во Појасот Газа без да започне офанзива врз јужниот град Рафах.

– Доколку премиерот одлучи да ја заврши војната без напад од големи размери на Рафах за да го порази Хамас, тој нема да има мандат да продолжи да биде премиер, напиша екстремно десничарски политичар на платформата „Икс“.

Заканата на Бен Гвир доаѓа во време на извештаи за можен напредок во индиректните разговори на Израел со Хамас за постигнување договор за размена на заробеници и затвореници и договор за прекин на огнот.

И покрај глобалното негодување поради катастрофалната ситуација во палестинската енклава, израелскиот премиер долго време изразува намера да го нападне Рафа, каде што се засолниле повеќе од 1,5 милиони палестински бегалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот