Израел не се согласува со мировниот план со две држави

Безалел Смотрич и Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, ги отфрли плановите за формирање палестинска држава, велејќи дека Израел „на кој било начин нема да се согласи“ со тоа.

Смотрич вчера на својот профил на „Икс“, објави слика од наслови од израелската веб-страница за вести Ynet, преведена како „извештај: САД промовираат сеопфатен план за формирање палестинска држава“.

„На кој било начин нема да се согласиме со овој план, кој всушност вели дека Палестинците заслужуваат награда за страшниот масакр што ни го направија: палестинска држава со Ерусалим како главен град. Пораката е дека навистина се исплати да се масакрираат израелски граѓани. Палестинска држава е егзистенцијална закана за државата Израел, како што беше докажано на 7 октомври, Кфар Саба нема да биде Кфар Аза!“, напиша Смотрич на својот профил на „Икс“.

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир исто така се огласи на „Икс“.

„Убиени се 1.400 луѓе и светот сака да им даде држава. Тоа нема да се случи. Основањето на палестинска држава значи формирање на држава Хамас, напиша Бен Гвир, пренесува британски „Гардијан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот