Израел најави копнена офанзива во Газа- министерот до војниците „Наскоро ќе ја видите Газа од внатре“

Израелски војници во акција во Сдерот - Фотографија ЕПА, Атеф Сафади

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан им рекол на војниците на границата со Газа дека наскоро ќе ја види Газа „од внатре“, соопшти неговиот кабинет, што може да се протолкува како навестување дека се приближува копнена офанзива.

„Сега ја гледате Газа од далечина, наскоро ќе ја видите одвнатре. Командата ќе дојде“, рече тој, според соопштението.

Израел нареди повеќе од милион Палестинци да се евакуираат на југ пред очекуваниот копнен напад.

Војската на земјата во текот на викендот соопшти дека е подготвена за „значајна“ операција по копно, море и воздух, но не кажа кога ќе се случи офанзивата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот