Израел му се спротивстави на Макрон: Ваков ирански нуклеарен договор не прифаќаме

Жаир Лапид/ Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Израел се противи на враќањето на иранскиот нуклеарен договор и доколку се постигне таков, нема да биде обврзан со него, му рекол премиерот Јаир Лапид во понеделникот на францускиот претседател Емануел Макрон, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот лидер, пренесува „Ројтерс“.

„Премиерот јасно му стави до знаење на претседателот дека Израел се противи на враќање на договорот и дека нема да биде обврзан со таков договор. Израел ќе продолжи да прави се за да го спречи Иран да постигне нуклеарен капацитет“, соопшти кабинетот на Лапид.

Западните земји веќе долго време се обидуваат да го „оживеат“ нуклеарниот договор на Иран, откако во 2018 година тогашниот американски претседател Доналд Трамп реши да ја повлече неговата земја од ваквиот договор.

Иран поднесе предлози за обновување на нуклеарниот договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот