Израел и Катар се договорија за доставување лекови до заложниците во Газа

Газа немири / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израел постигна договор со Катар за снабдување со лекови на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Заложниците ќе го добијат лекот во „следните неколку дена“, соопштија од канцеларијата.
Повеќе од 100 заложници се уште се во Газа откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 и киднапирајќи 240 луѓе.

Во обид да го елиминира Хамас, Израел оттогаш спроведува воена операција во оваа палестинска енклава.

Договорот постигнат со посредство на Катар и САД во ноември резултираше со краткотрајна пауза во непријателствата, за време на која беа ослободени речиси половина од заложниците, во замена за ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори, како и зголемување на испораката на хуманитарна помош до Газа.

Семејствата на заложниците, од кои многумина се постари и имаат хронични заболувања за кои е потребно секојдневно лекување, побараа од Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги посети нивните роднини за да им се достават лекови и да ја проверат нивната состојба.

Црвениот крст соопшти дека Хамас ја одбил оваа иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот