Изненадување во Ирска – на изборите победи Шин Фејн, политичкото крило на терористичката ИРА

Фото: EPA-EFE/MARK MARLOW

Шин Фејн, политичкото крило на некогашната терористичката организација ИРА, е на пат да стане најголемата партија во парламентот на Северна Ирска, што претставува симболичен пробив за ирскиот национализам.

Според нецелосните изборни резултати од денешното гласање, проекциите го ставаат Шин Фејн пред Демократската унионистичка партија (ДУП). Доколку се потврдат во конечните резултати, тоа ќе ѝ овозможи на партијата да испише историја и да предизвика шок за унионистите со номинирање на лидерката на партијата, Мишел О’Нил, за прв министер.

Другиот очигледен голем победник од изборите во четвртокот беше центристичката Алијанса, која оствари придобивки низ Северна Ирска, ставајќи ја на третото место и консолидирајќи го влијанието на гласачите кои ги избегнуваат националистичките и унионистичките етикети.

Во симболична смисла, Шин Фејн како најголема партија во Северна Ирска – ентитет создаден врз основа на унионистичко мнозинство – ќе биде сеизмички“, рече Џон Тонге, професор по политика на Универзитетот во Ливерпул и авторитет во регионот. „Партијата која не сака Северна Ирска да постои и дури одбива да го користи терминот Северна Ирска ќе стане нејзина најголема партија. Тоа нема да предизвика тргање на границата, но е чекор напред на долгиот пат до ирското единство“.

Пропорционална застапеност во 18 петчлени изборни единици беше искористена за избор на 90 членови на собранието. Излезноста беше 63,6%, слично на последните парламентарни избори во 2017 година. Се чинеше дека Шин Феин ги освои или ги надмина 27-те места што ги освои тогаш, престигнувајќи ја ДУП, кој се чинеше дека е на пат ќе загуби неколку од своите 28 места, рече Николас Вајт, експерт за изборите во Северна Ирска.

Се чини дека Алијансата ќе ги удвои претходните осум места. Трансферите ќе ги одредат последните места, а броењето веројатно ќе продолжи до сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот