Измамите на социјалните мрежи во САД во пораст

социјални мрежи
Профимедиа

Измамите коишто потекнуваат од социјалните мрежи се во пораст. Само лани, според американската Федерална трговска комисија – ФТЦ, повеќе од 95.000 луѓе изгубиле вкупно 770 милиони долари поради измамниците. Тоа е повеќе од двојно повеќе од 258 милиони долари украдени 2020 година.

Во извештајот на ФТЦ не е наведено зошто имало толку високо зголемување во 2021. Исто така, има огромен пораст и на измамите поврзани со лажни „влогови во криптовалути” – 285 милиони долари отишле на овие измами, речиси една третина од вкупниот износ. А, во пораст се и „романтичните” измами и оние поврзани со купување преку интернет.

„Измамите обично започнуваат кога на корисникот му се јавува навидум пријателска личност, по што следи пријатен разговор, а потоа барање пари. Повеќе од една третина од луѓето кои биле измамени од ‘интернет-романси’ во 2021 година тврдат дека сѐ започнало на Фејсбук и Инстаграм”, соопштува ФТЦ.

Фејсбук и Инстаграм се единствените платформи наведени во извештајот.

„Создадовме повеќе корисни ресурси за борба против ваквите измами и злоупотреби. Одиме и подалеку од исекување и бришење профили, страници и реклами. Преземаме правни мерки против одговорните и секогаш ги охрабруваме луѓето да пријават такво однесување кога ќе го забележат тоа”, се вели во соопштението на Мета.

На корисниците им се препорачува „да ги заклучуваат” своите профили и да внимаваат во случај на барања за сметки за пари, особено кога станува збор за криптовалути или подарок-ваучери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот