Излезе „Културен печат“ број 166 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на Културен печат Бр.166

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 166, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (11-12.02.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со проф. Зорица Блажевска, добитничка на наградата „Андреја Дамјанов“: Архитектурата отсекогаш претставувала копнеж по убавото и корисното

– разговор со модната дизајнерка Искра Џокиќ Кецап: Вештачката интелигенција отвора нови можности

– изложбата „Едноставност / Сложеност“ на Ненси Тонг од Хонг Конг во Галерија „Остен“ го најавува Биеналето на цртеж Скопје 2022

– младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“ на 11 февруари во кафе-книжарницата „Буква“ ќе го прослави третиот роденден

– годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат врачени на 13 февруари

– тестаменталната порака на Горан Стефановски ќе одекне низ светот со превод на повеќе јазици како активност на МСМЈЛК при УКИМ

– промовирана е книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“, прво и второ изменето и дополнето издание, на Свето Стаменов

– графичкиот роман „Алжир е убав како Америка“, во издание на „Бункер“, е како мост помеѓу минатото и сегашноста

– македонската уметница Марија Павловска e добитничка на меѓународната награда „Донатело“ на Фондацијата „Ефето арте“ во Италија

– објавен е меѓународниот конкурс за учество на поетската манифестација „Анџело Ла Векија“, на која се доделува специјалната награда „Антево слово“

– издавачката куќа „Полица“ го објави дебитантскиот роман „Трезност и лудост“ од младиот македонски писател Жан Илиески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот