Изетбеговиќ: Исламските земји да се вклучат во БиХ за да го намалат влијанието на САД

Фото: Принтскрин

Лидерот на водечката бошњачка партија за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, во интервју за „Ал Арабија“ повика на посилно вклучување на исламските земји во БиХ за да се надмине Западот предводен од САД, обвинувајќи го за работи во интерес на Хрватите и Србите, пренесе Индекс.хр

„Западот помага да се решат работите со компромис на наша штета. Затоа е потребно посилно влијание на исламските земји за да се создаде рамнотежа. Исламските земји треба посилно да застанат покрај нас. Да покажат поголема загриженост“, рече Изетбеговиќ на меѓународен арапски информативен телевизиски канал финансиран од Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот