Издадени лиценци за 161 фото-електрична централа од Регулаторна комисија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во првите четири месеци од годинава има издадено лиценци за 161 фото-електрична централа (ФЕЦ) со моќност од 54.8 мегават часови.

-Енергетската транзиција е реалност и е директен одговор на енергетската криза. Во државава за шеснаесет месеци се вклучени на мрежа нови капацитети од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 207 MW, што е приближно еднакво на еден блок од РЕК Битола. Потврда за се поголемата енергетска независност е фактот дека во првите три месеци од годинава увозот на струја е повеќе од двојно намален и од традиционалните 30  проценти увоз што се правеше порано за целокупните потребни на државата, сега увозот изнесува само 11 проценти, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во 2022 години РКЕ има издадено лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталиран вкупен капацитет од 152.2 мегават часови. Од нив 106.5 мегават часови се ФЕЦ, додека 36 мегават часови се за ветерни електроцентрали, а 7,2  мегават часови се за мали хидроцентрали и 2,5 мегават часови за термо-електроцентрали на биогас.

Од РКЕ потенцираат дека инсталираната моќност на новите производствените капацитети од обновливи извори во 2022 година и првиот квартал од 2023 година (16 месеци) се скоро еднакви како еден блок од РЕК Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот