ИЗБЕГНАТА ГОЛЕМА КАТАСТРОФА: Полицијата во Шпанија спречи терористички напад, уапсен еден џихадист

Фото: Профимедиа/SOLARPIX.COM

Според пишувањата на медиумите во Шпанија, локалната полиција спречила терористички напад и уапсила 23-годишен државјани на Шпанија кој бил припадник на организацијата Исламска држава, објави „Еспресо.рс“.

Кај осомничениот, за кој се сомнева дека бил подготвен да изврши терористички напад, е пронајден список на мети за напад, како и панцир.

Шпанецот е уапсен во местото Парла кое се наоѓа во близина на Мадрид, под сомниение дека има намера да спроведе терористички напади, стои во соопштението од полицијата.

Надлежните велат дека во неговиот дом се пронајдени и хемикали од кои може да се направат експлозиви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот