Ивент индустријата до Владата: Речиси 15 месеци сме оневозможени да работиме, се прашувате ли како преживуваат нашите компании

Скопје, 01 март 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен Печат.

Речиси 15 месеци ивент индустријата е оневозможена да работи, иако Владата посочила дека се одвоени речиси 2 милиони евра помош, објави асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП преку статус на Фејсбук.

-Денес е 1 јуни, влегуваме во шестиот месец од УШТЕ ЕДНА пандемиска година и речиси 15 месеци како ивент индустријата е оневозможена да работи.
Пред извесно време Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но ајде да ги видиме фактите 👇👇👇
🚫12 април – Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата – исплатени 0 денари ❌
🚫21 април – Јавен повик за организирање на настани – резултати нема, ПОМОШ 0 денари ❌
🚫12 мај – Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивет индустријата – резлултати нема, ПОМОШ 0 денари ❌
🚫Сеуште немаме информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош ❌
❓Прашање до Владата – дали мислите дека сме алхемичари? Дали се запрашавте како преживуваат нашите компании?
Навистина дел од нас користеа помош за исплата на плати (8 плати за 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење?
❌Нема настани, нема концерти, нема работа и НЕМА ПОМОШ!
Јавно ја прашуваме Владата, кога мисли да согледа дека нашиот сектор е навистина еден од најпогодените и соодветно да ни помогне?, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот