Иванов: Антикорупциска комисија донесе „политичка одлука“

Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов преку соопштение реагираа на одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да поднесе прекршочни пријави против шефот на државата нарекувајќи ја “политичка одлука”.

Од таму наведуваат дека целосно ги отфрлаат тврдењата дека со донесувањето на указите претседателот постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата.

Антикорупциската комисија вчера поведе две прекршочни постапки за Иванов поради донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период, објавени во Службени весник на 26.02.2019 година, што, како што наведоа од комисијата, претставува непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Од Кабинетот на Иванов сега изразуваат разочарување што Државната комисија за спречување на корупцијата не ги земала предвид образложенијата и законските основи врз кои претседателот ги донел указите.

“Претседателот на Република Македонија ги донесе указите во согласност со Уставот на Република Македонија и законите. Како врховен командант, Претседателот на Република Македонија нема обврска да бара одобренија за надлежности кои му се пропишани со закон”, наведуваат од Кабинетот на Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот