Италијанските одбојкари по пресврт се закитија со светското злато

Италија по четврти пат е светски шампион во одбојка/Катовице, Полска/11 септември 2022/фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Одбојкарите на Италија во финалето на Светското првенство во Катовице со резултат 3:1 во сетови го совладаа домаќинот Полска.

После пресврт со 22:25, 25:21, 25:17 и 25:20 италијанската репрезентација успеа да дојде до светското злато, вкупно четврто во нејзината историја.

За Полјаците, кои останаа засега на три светски титули, ова е второ сребро, првото го освоија во 2006 година.

Најефикасен во финалето кај победникот беше Романо Јури со 19 поени, а во поразените редови по 16 имаа Бјениек и Семенјук.

Третото место му припадна на Бразил кој со 3:1 славеше против Словенија која заедно со Полска го организираа СП 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот