Италијански агент предвидува трансфер на Халанд во Манчестер јунајтед!?

Фото: EPA-EFE/LARS BARON / POOL

Италијанскиот агент Џовани Бранкини вели дека пазарната вредност на Ерлинг Халанд е 120-130 милиони евра и објаснува зошто тој би бил идеално засилување за Манчестер јунајтед.

Халанд се пресели во Борусија Дортмунд во јануари 2020 година, но тој сега со своите блескави игри на теренот го привлече најголемиот интерес на европските клубови.

– Неговата вредност е најмалку 120-130 милиони евра – изјави Бранкини за „Ла Гаѕета дело Спорт“.

Претставникот на Халанд е Мино Раиола, но Бранкини е еден од најдобрите агенти во светот.

Тој е агент на Марио Манџукиќ и Даглас Кошта и беше меѓу посредниците кои работеа за трансферот на Пеп Гвардиола во Баерн Минхен.

ВИДЕО: Халанд рушеше рекорди и сам ја елиминира Севиља од ЛШ

– Не знам дали Халанд ќе ја напушти Борусија Дортмунд, шансите се 50-50. Мислам дека тој има ослободителна клаузула од 88 милиони евра, валидна од следната сезона. Многу врвни европски клубови би можеле да одвојат толкава сума на пари. Халанд би можел да одлучи да игра уште една сезона во Дортмунд. Долг е редот на екипите кои покажуваат интерес за неговите услуги. Тој е меѓу најдобрите пет напаѓачи во Европа со Меси, Роналдо, Мбапе, Нејмар и Кејн – рече Бранкини.

20-годишниот член на „милионерите“ досега сезонава во Бундеслигата има 19 голови од 20 настапи.

– ПСЖ би можел да го ангажира Халанд доколку го продаде Мбапе, потоа тука е Реал Мадрид и двата клуба од Манчестер, иако Пеп Гвардиола (менаџерот на Сити) повеќе преферира да го има Кејн кој одговара со стилот на игра на тимот. А Халанд би бил совршен за Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ имаат одлична традиција за напаѓачи кои доаѓаат од северот.

Премиер лигата може да биде најдобрата лига за него, но тој би се снашол добро и во Шпанија или Франција, како што тоа го прави во Германија – додаде Бранкини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот