ВИДЕО: Халанд рушеше рекорди и сам ја елиминира Севиља од ЛШ

EPA-EFE/LARS BARON

Борусија Дортмунд е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите откако во реваншот одигра 2:2 против Севиља.
Првиот напревар во Шпанија заврши со триумф на „милионерите“ од 3:2 благодарение на двата гола на Ерлинг Халанд, а норвешкиот репрезентативец и во реваншот брилјираше постигнувајќи ги двата гола за својот тим и притоа собори два рекорди во Лигата на шампионите.

Халанд во 35. минута му донесе водство на својот тим и притоа стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на шест натпревари по ред во ЛШ. Норвежанецот до ова постигнување дојде нао 20 години и 231 ден.
Во 54. минута Халанд ги реши сите дилеми околу патникот во четвртфиналето, а притоа постави нов рекорд кој долго време нема да биде надминат.


Халанд го постигна својот 20 гол во Лигата на шампиони, а до таа бројка дојде за само 14 натпревари. Досегашниот рекорд го држеше Хари Кејн на кого му беа потребни 24 натпревари во ЛШ за да постигне 20 голови.
Севиља успеа да се избори за реми со головите на Ел Несри во 69. минута и тоа од пенал и во 96. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот