Италијанската влада доби доверба во Парламентот

Фото: ЕПА

Италијанската влада на премиерот Марио Драги денеска доби доверба во Горниот дом на Парламентот, во врска со мерките за надминување на кризата со зголемените трошоци за живот.

Движењето „Пет ѕвезди го бојкотираше гласањето во Сенатот.

„За” гласаа 172 сенатори, а „против” 39.

Италијанскиот премиер изјави претходно оваа недела дека неговата влада не може да продолжи да постои без поддршката на Движењето „Пет ѕвезди” и ја отфрли можноста да биде на чело на коалиција од друг состав.

Претседателот Серџо Матарела, кој е врховен „арбитар” во италијанската политика, ќе треба да одлучи како да излезе од кризата. Тој може да побара од Драги да се обиде да го врати неговиот кабинет со уште едно гласање доверба. Доколку не може да се обезбеди мнозинство, претседателот ќе треба да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори.

Дали Марио Драги уште има „сè што е потребно“?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот