Италија го поддржува Марк Руте за генерален секретар на НАТО

Антонио Тајани / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN / POOL

Рим го поддржува холандскиот премиер Марк Руте како следен генерален секретар на НАТО кој ќе го замени Јенс Столтенберг, чиј мандат наскоро ќе истече, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

„Вчера разговаравме за следниот генерален секретар и ја потврдивме нашата позиција во корист на холандскиот премиер Марк Руте“, рече Тајани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.

„Има големо мнозинство во негова корист, но треба да се почека реакцијата на Турција, Романија и Унгарија кои ја поддржуваат кандидатурата на романскиот претседател Клаус Јоханис. Се надевам дека ќе постигнеме договор“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот