Италија чекаше 47 години за нова титула во „Дејвис купот“

Италија со пехарот во „Дејвис купот“/фото: EPA-EFE/Jorge Zapata

Тениската репрезентација на Италија го освои „Дејвис купот“, откако во финалето со 2:0 ја совлада Австралија.

После 47 години чекање Италијанците повторно доаѓаат до титулата во ова натпреварување, вкупно втора во нивната историја.

Австралијците остануваат на 28 трофеи, моментно втори на вечната листа зад САД (32).

Италија на турнирот во Малага беше предводена од Јаник Синер, Лоренцо Музети, Матео Арналди, Лоренцо Сонего и Симоне Болели.

Сите дилеми околу победникот во финалната пресметка беа решени во сингл мечевите, Арналди со 7:5, 2:6 и 6:4 го совлада Алексеј Попирин, додека Синер убедливо со 6:3 и 6:0 беше подобар од Алекс Де Минор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот