Истражување: Милиони Европејци на работ на сиромаштија

Протести во Молдавија/ Фото: Dmitrij Osmatesko / Sputnik / Profimedia

живее во несигурни услови поради сиромаштијата, и покрај тоа што годишната инфлација во еврозоната падна на 5,5 отсто од 6,1 отсто колку што изнесуваше пред шест месеци, покажува најновото истражување на Secours Populaire и Ipsos кое што го пренесува Еурактив.рс.

Испитаниците биле од 10 европски земји: Франција, Грција, Молдавија, Велика Британија, Португалија, Романија, Србија, Италија, Полска и Германија. Дури 51 отсто од нив се соочиле со лошо здравје, недостаток на греење и/или храна во последните шест месеци.

Кога станува збор за здравјето, повеќе од една третина од Европејците велат дека останале без медицинска нега затоа што не можеле да си ја дозволат или затоа што се обидувале да заштедат пари.

Сепак, бројката за пристап до здравствена заштита варира од земја до земја: 41 отсто од Романците, Србите и Полјаците се загрижени, во споредба со 22 отсто од Британците и 21 отсто од Германците. Сличен процент имаат Франција и Италија (37 отсто) и Грција и Португалија (36 отсто).
Загрижува и фактот дека 36 отсто од родителите не можат да ги задоволат основните потреби на своите деца како храна, школарина, здравствена заштита или облека.

Додека проблемите поврзани со несигурноста влијаат на сите земји опфатени со истражувањето, без оглед на богатството или БДП, ситуацијата е особено загрижувачка во Грција и во земјата кандидат за членство во ЕУ Молдавија.

Речиси половина од Грците и Молдавците сметаат дека живеат во особено загрижувачки финансиски и материјални услови. За да ги задоволат своите потреби, 60 отсто од Грците и 70 отсто од Молдавците за пари се потпираат на пријателите и семејството. Покрај тоа, 75 отсто од Грците и 67 отсто од Молдавците ги намалија патувањата за да заштедат на транспортните трошоци. Во случајот со Украина, таа и пред војната во Украина, имаше многу низок животен стандард, а што се однесува до Грција, кризата од 2008 година имаше големо влијание врз нејзината економија.

Франција е исто така меѓу земјите погодени од бранот на неизвесност што моментално ја зафаќа Европа. Според истражувањето, 58 отсто од Французите стравуваат дека на краток рок ќе западнат во сиромаштија, а 45 отсто сметаат дека е тешко да се платат одредени медицински услуги.

Сепак, иако вкупните резултати не се многу оптимистички, студијата завршува со индикатор кој дава надеж: и покрај тешкотиите, 76 отсто од Европејците се подготвени лично да се вклучат во помагањето на најранливите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот