Истражувањата покажаа дека вработените мајки воспитуваат поуспешни деца

Фото: Unsplash

Вработените мајки не треба да се чувствуваат виновни што ги оставиле своите деца во дневен престој поради работните обврски и посветување на кариерата. Новото истражување покажа дека детето има многу придобивки од тоа.

Фото: Unsplash

Како што пренесува „Њујорк тајмс“, во истражувањето учествувале 50.000 мајки од 25 земји во светот. Резултатите биле зачудувачки, бидејќи децата на вработени мајки имале повисок степен на образование, но и попрофитабилни работни места, од кои заработувале голема сума на пари.

Фото: Unsplash

Спротивно на тоа, децата чии мајки биле посветени на домаќинството имале помали плати и помалку добри работни места, покажало истражувањето.

„Вработените мајки често се чувствуваат виновни, бидејќи мислат дека на нивните деца ќе им биде многу подобро ако останат дома со нив. Сепак, она што го забележавме врз основа на резултатите од истражувањето е дека нивните деца имаат голема корист од вработените мајки – на пример, многу рано учат за својата независност“, објаснува Кетлин Мекгин, професорка на Харвард и автор на студијата.

Кралот Чарлс: Мојата мајка беше инспирација за целото семејство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот