Истражување на Стенфорд: Митинзите на Трамп продуцираа до 30.000 случаи на ковид-19

Фото: EPA-EFE/EUGENE GARCIA

Масовните предизборни митинзи на американскиот претседател Доналд Трамп доведоа до повеќе од 30.000 потврдени случаи на ковид-19 и најверојатно предизвикале смрт на 700 Американци, се вели во новото истражување на Универзитетот Стенфорд.

Водачите на истражувањето внимателно следеле 18 митинзи на Трамп во периодот меѓу јуни и септември, пренесува агенцијата ДПА.

– Заедниците, каде се одржуваа митинзите на Трамп, платија висока цена во смисла на болест и смрт”, заклучија истражувачите.

Истражувањата покажаа дека стапката на ковид-19 често се зголемувала во заедниците што организираа митинзи во споредба со блиските градови што Трамп не ги посетил.

– Постојат некои индикации дека почитувањето на здравствените упатства, како што е употребата на маски, се подобри на подоцнежните митинзи”, напишаа истражувачите.

На митинзите на Трамп, на посетителите им беа нудени маски и им беше мерена температурата, но многумина не носеа маски.

Портпаролот на Џо Бајден, остро ги критикуваше митинзите на Трамп како места на „супер ширење” на инфекција каде се прекршени сите здраворазумски здравствени правила.

Многу помалку луѓе присуствуваа на митинзите на Бајден, сите носеа маски и одржуваа физичка дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот