Истражувања покажале кој е идеалниот број на сексуални партнери во животот

Едно е сигурно – ниту жените, ниту мажите не се искрени кога одговараат на прашањето „Колку партнери си имал/а досега?“

Но, дали постои идеална бројка? Според истражување на порталот „Superdrug Online Doctor“, и мажите и жените имаат тенденција да лажат кога се работи за бројот на сексуални партнери. Тие спровеле анкета врз основа на која дошле до одредени бројки поврзани со ова прашање.

Според одговорите, максималниот број на сексуални партнери во животот на жените треба да е 14 (според самите жени), додека кај мажите 15 (според одговорите на мажите). Ако имаат повеќе од ова, тогаш тие личности најверојатно се промискуитетни.

Но, на прашањето кој е идеалниот број на партнери кои треба да ги има личноста од спротивниот пол, и мажите и жените биле согласни дека таа бројка треба да изнесува седум.

Исто така, оние со два до три партнера во животот, испитаниците ги оцениле како конзервативни, без оглед дали се работи за маж или жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот