Историјата да „влезе“ во „Општество“, албански изборен, сексуално во деветто

Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Учениците од прво и шесто одделение во новата учебна година ќе започнат да учат според новата програма, предметот историја ќе се спои со општествени науки, а изучувањето на албанскиот јазик ќе биде изборен предмет од шесто одделение, се предвидува со новиот концепт за реформи во Основото образование, кој неодамна го усвои владата.  

Покрај ова, новата концепција предвидува и поголема застапеност на слободни ученички активности и воннаставни активности. Ќе се изучува и сексуално образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение.

Министерката за образование и наука Мила Царовска ги повика наставниците да ја подготват наставната програма за следната учебна година, во согласност со новата концепција. Откако ќе се направат наставните програми, од јуни треба да почнат обуките за одделенските наставници, кои во текот на летото ќе учат како да предаваат согласно новите правила. Советници од Бирото за развој на образованието и универзитетски професори треба да обучат околу 3.000 наставници, а обуките ќе траат до септември. Годинава обука треба да поминат наставниците од прво и четврто одделение, а в година наставниците од шесто одделение.

Некои наставници изразуваат резерви за овој план, стравуваајќи дека обуките од јуни до септември нема да вродат со плод, бидејќи станува за многу краток период. Дел од наставниците, пак, велат дека обуката ќе помине без проблеми. Некои наставници и нивни здруженија се незадоволни зашто не биле вклучени во дебатите за концепцијата.

– Се игнорира мислењето на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН), но и на повеќе здруженија на наставници, кои јавно го изразија незадоволството и фактот дека не биле консултирани – вели Томислав Гиевски, наставник во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Кисела Вода.

Исто така и повеќе професори од факултети се пожалија дека биле изоставени, а реформите ги сметаат за избрзани.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оцени дека концепцијата не нуди гаранции дека квалитетот на образованието ќе се подобри.

„Каков квалитет е тој ако измените не се во согласност со мислењата на најголем број релевантни фактори од образованието, ниту со најголем број наставници, па ни со Синдикатот? Без учебници и со фингиран избор на ментори“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од МОН тврдат дека со новата конепција ќе се постигне нов стандард во образованието со програми кои нудат активности за развој и на уметничкиот талент и наобразба кај учениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот