Историчарот Димитар Љоровски е нов член на мешовитата македонско-бугарска комисија

Фото: Институт за национална историја

Владата го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

-Во пресрет на утрешната средба, Министерството за надворешни работи го достави предлогот на Комисијата до Владата на Република Северна Македонија, која го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, соопшти денеска МНР.

Како што истакнуваат од МНР, Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа.

Љоровски е историчар и професор на Институтот за национална историја во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот