Ишкртана таблата со името на паркот „Украина“, Ганиу бара што побрзо да се најдат вандалите

Фото: Општина Чаир

Општина Чаир и градоначалникот Висар Ганиу најостро го осудија вандалскиот чин врз таблата со името парк „Украина“ која се наоѓа во близина на општинскиот објект, која непознати сторители ја пребоиле со црвени спрејови.

Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот „Украина“ што го промовиравме пред неколку недели заедно со Украинската амбасада во земјава, вели градоначалникот Ганиу.

Тој информира дека случајот е пријавен во полиција и очекува  што поскоро да се откријат сторителите и да ја добијат заслужената казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот