Исчезнат државјанин на Албанија пронајден мртов во Скопје, безживотното тело пронајдено закопано

Албански државјанин, кој пред неколку недели бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје, пренесуваат албанските медиуми.

– Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Северна Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет, пренесуваат медиумите во Албанија.

Албанскиот медиум Балкан веб наведува дека станува збор за Рик Беу (35), жител на Кревиди кај Каваја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот