Ирска ќе штеди од даноците од технолошките гиганти

Ирска размислува да насочи дел од огромните даночни приходи што ги добива од многуте мултинационални компании со седиште во земјата, во нов суверен богат фонд, пренесе БТА, цитирана од ЦНБЦ. Целта на овој чекор е да се обиде да ги зајакне владините финансии во иднина, кога годишните приходи можеби не се толку сигурни како сега.

Документот, кој утре во ирскиот парламент ќе го поднесе министерот за финансии Мајкл Мекграт, ги разгледува придобивките од создавањето на нов долгорочен владин механизам за штедење за канализирање на големите даночни приходи.

Приходите од корпоративните даноци во земјата вртоглаво се зголемија во текот на изминатата деценија и достигнаа рекордни 22,6 милијарди евра. Тие доаѓаат од технолошките гиганти како Aлфабет, Meта, Интел, Линкедин и Aмазон, како и компании како Фајзер и Џонсон & Џонсон.

Секторите во кои работат овие мултинационални компании обезбедуваат повеќе од половина од бруто домашниот производ на земјата и 1/4 од даночните приходи. Тие ја избраа Ирска да го лоцираат нивното седиште – земја со население од само 5 милиони луѓе – привлечена од нискиот корпоративен данок – 12,5 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот