Ирска ја прекина програмата за дозволи за престој за богати инвеститори

Ирско знаме/ Фото EPA/AIDAN CRAWLEY

Оваа година, Ирска ќе ја затвори програмата која им гарантираше права на имиграцијата на богатите странци во замена за најмалку еден милион евра инвестиции, најави министерот за правда Сајмон Харис, одговарајќи на апелот на Европската унија.

Ирска им понуди дозволи на инвеститорите, но и на оние кои би донирале половина милион евра за филантропски цели, потсетува Ројтерс.

Во текот на повеќе од 10 години, програмата привлече повеќе од 1,2 милијарди евра инвестиции, рече министерот Харис. Иако програмата не гарантираше ирски пасош, квалификуваните инвеститори и членовите на нивните семејства можеа да аплицираат за државјанство по пет години престој во Ирска.

Министерот Харис рече дека одлуката за завршување на програмата ги земала предвид студиите на меѓународните тела како што е Европската комисија, која минатата година ги повика владите-членки на ЕУ да ги прекинат програмите за „продажба“ на државјанства на инвеститорите, што долго време се сметаше за безбедносен ризик. Ирската влада ги зеде предвид и мислењата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Советот на Европа, пренесува Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот