Иранскиот танкер отплови од Гибралтар

Иранскиот танкер „грејс 1″ отплови од Гибралтар, еден ден откако властите во оваа британска територија на југот на Пиринејскиот полуостров одлучија да го ослободат, јавија британските медиуми.

„Грејс 1″ беше запленет на 4 јули под сомнение дека превезува сурова нафта за Сирија, со што ги прекршил санкциите на Европската унија за оваа земја.

Врховниот суд на Гибралтар вчера одлучи да го ослободи супертанкерот бидејќи доби официјални писмени гаранции од иранската Влада дека нафтата нема да заврши во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот