Иран: Убиството на Ал Багдади не е некоја голема работа

Иранскиот министер за информатичка и комуникациска технологија Мохамед Џавад Азари Џароми изјави денеска дека убиството на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади не е голема работа.

„Не е голема работа! Ја убивте својата креација”, напиша тој на Твитер како одговор на соопштението на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ал Багдади е убиен.

Иран честопати ги обвинуваше САД дека ја создале групата Исламска држава без да понудат докази за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот