Иран повторно има право на глас во Генералното собрание на ОН, откако го плати долгот од 16 милиони долари

Генерално собрание на ОН / Фото: Архива

Иран вчера повторно се стекна со право на глас во Генералното собрание на Обединети нации откако САД овозможија Техеран повторно да ги користи финансиските средства замрзнати во Јужна Кореја, за да го плати долгот од 16 милиони долари.

Иран го изгуби правото на глас во јануари откако две години не ги плаќаше обврските кон ОН.

Вкупниот долг на Иран кон ОН изнесува 65 милиони долари, но Техеран го плати минималниот износ потребен да се стекне со право на глас.

Иран тврди дека 20 милони долари негов приход од нафтата се замрзнати во Јужна Кореја, во Ирак и во Кина од 2018 година, како последица од санкциите воведени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

– Незаконските американски санкции не само што ги лишија нашите граѓани од лекови, туку и го спречија Иран да ги плаќа своите обврски кон ОН. По повеќе од шест месеци работа на тоа прашање, ОН соопштија дека ги примиле парите, напиша вчера на Твитер иранскиот амбасадор во ОН, Маџид Тахт Раванчи.

Иран вчера гласаше во ГС на изборот на петте нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, при што се избрани Бразил, Обединетите Арапски Емирати, Албанија, Гана и Габон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот