Ирак: Над 50 загинати во демонстрациите

Фото: Принтскрин

Бројот на загинати во демонстрациите во Ирак се искачи на 53, соопштија властите. Во Багдад попладнето, на плоштадот Тахрир, кој е централна точка на протестите, беа убиени девет луѓе

Најголеми насилства има во градот Насири. Премиерот Адел Абдул-Махди, повика на смиреност, наведувајќи дека работи на исполнување на легитимните барања на демонстрантите, но сепак додаде дека нема магично решение за проблемите во Ирак.

Во меѓувреме демонстрациите се проширија на уште неколку провинции.

Од почетокот на протестите, полицијата користи и боева муниција за да ги растера демонстрантите. Во демонстрациите во главно учествуваат млади луѓе, кои бараат работни места, функционални јавни служби и сузбивање на корупцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот