Ирак доби нова влада на чело со Мустафа ал-Кадими

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими / Фото: Архива

По повеќемесечни тешки и неизвесни политички преговори Ирак денеска ја доби новата влада што ќе ја предводи Мустафа ал-Кадими, поранешниот прв човек на разузнавачката служба.

Ирачкиот Парламент рано утринава го потврди именувањето на новата влада, бидејќи партиите до последен момент се бореа за добивање на соодветните ресори.

Пратениците ги прифатија имињата на 15 министри, отфрлија петмина, а гласањето за кандидатите за министри за нафта и за надворешни работи е одложено, бидејќи не беше постигнат договор за носителите на функциите.

Според ирачкиот Устав, владата може да се формира доколку парламентот одобри повеќе од половината предложени министри.

Весникот „Њујорк Тајмс” пишува дека Кадими има силни врски со САД и репутација на прагматилен политичар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот