Ирак: Бомбардирањето на Јемен ќе ги зголеми конфликтите во регионот

Хути Јемен / Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Ирак денеска соопшти дека американското и британското бомбардирање на Јемен е неоправдана агресија што ќе го зголеми интензитетот на конфликтот во регионот.

„Ова бомбардирање ќе создаде хаос и ќе го зголеми интензитетот на конфликтот во регионот“, изјави советникот за медиуми на ирачкиот премиер Хишам ал Рикаби.

Според него, она што се случи е „неоправдана агресија, лишена од каков било меѓународен легитимитет во односите со суверените држави“.

САД и Велика Британија во текот на ноќта извршија десетици воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, при што загинаа најмалку пет борци на јеменската милитантна група.

Хутите поддржани од Иран во последните неколку недели напаѓаа бродови на важните поморски патишта и лансираа беспилотни летала и проектили врз Израел.

Членот на политбирото на Хутите, Мохамед Али ал Бухаити, денеска изјави дека јеменската милитантна група ќе напаѓа бродови поврзани со САД и Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот