ИОК повторно ги суспендираше Русите

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) денес изрече нова суспензија за Рускиот Олимписки Комитет.

Оваа суспензија доаѓа како одговор на активностите кои Русите ги преземаа во изминатиот период. Во последните денови Рускиот Олимписки КОмитет призна четири регионални организации од украинските територии што беа освоени од Русија.

„Ваквата постапка е класично кршење на олимписките повелби бидејќи се нарушува територијалниот интегритет на Олимпискиот Комитет на Украина“, стои во соопштението на ИОК.

Засега не е познато дали Русите ќе добијат можност за настап на Олимписките игри во Париз. Првично се најавуваше дека ќе настапуваат како „неутрални“, меѓутоа во последно време притисокот врз ИОК за целосна суспензија е се поголем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот