Интерпелација за Јовески за модуларната во Тетово: Разрешување на јавниот обвинител бараат Меџити, Гаши и Зендели

Љубомир Јовески - јавен обвинител на РСМ / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Според Изет Меџити, Африм Гаши, Сафије Садики Шаини, Фадил Зендели и Мерита Коџаџику, од именувањето на Јовески за јавен обвинител сериозно е донесена во прашање улогата и кредибилитет на Обвинителството. 

Пратениците од Демократско движење, Беса и Алтернатива поднесоа до претседателот на Собранието Талат Џафери интерпелација за работата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој изгореа 14 лица.

Според Изет Меџити, Африм Гаши, Сафије Садики Шаини, Фадил Зендели и Мерита Коџаџику, од именувањето на Јовески за јавен обвинител сериозно е донесена во прашање улогата и кредибилитет на Обвинителството.

– Кулминација на целокупната недоследна работа, контроверзии и недостаток на јавна доверба кон институцијата Јавен обвинител се случи при судксиот случај за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде трагично загинаа 14 лица. Сметаме дека улогата на Јовески во овој случај е подложна на сомнежи и потребна е јавна одговорност и објаснување. Оваа интерпелација се заснова на сериозните тврдења дека од страна на Обвинителството се сокриле факти и информации во текот на целата постапка, се покренува обвинение за трети лица наместо да се утврдат главните виновници, се со цел да бидат заштититени одредени политичари и припадници на бизнис елитите, кои што биле вклучени во изградбата на модуларните болници за време на пандемијата. Всушност, според наводните информации, целата истрага е водена во спротивна насока, со цел да се прикријат главните факти, главните виновници, околности и лица кои сносат одговорност во врска со ова трагедија – велат опозициските пратеници.

Според нив, сорджината на обвинението никогаш не ги опфати  прашањата за тоа кои се неправилностите во тендерска постапка за градење на модуларните болници? Дали и зошто обвинителство не ги смета како релавантни овие околности во самото обвинение? Зошто е занемарен извештајот и наодите од германскиот тим од форензичари кои го утврдиле главниот причинител на пожарот и другите причини за толкав интензитет на пожар, во кој трагично ги изгубија животот 14 лица. Зошто обвинител кој ја води постапката за модулнарните болници се иззема од таа функција и кои се наодите од постапката која е реализирана?

-Сметаме дека станува збор за сериозни обвинувања и треба да бидат разгледани и истражени до детали, бидејќи се засновани на информации кои што веќе се објавени во јавноста и во извештаите на независни новинарски агенции. На јавниот обвинител главна задача е да ја имплементира правдата и да обезбеди доверба кон правосудниот систем. Но, сведоци сме дека една од најголемите потфрлувања е токму правосудниот систем. Доколку јавниот обвинител не го докаже спротивното, дека не се сокриени факти и дека не е извршено влијание врз постапка за политички и лични цели, тогаш овие сериозни нарушувања сносат одговорности. Советот на обвинители и Владата сериозно треба да го следат овој процес. Во спротивно истите обвинувања ќе важат и за нив. Затоа, бараме од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, да се појави и да ја објасни неговата улога во овој случај, како и да ги разгледа сите обвинувања што сте изложени во јавноста – се вели во образложението на интерпелацијата за Јовески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот