„Интерарт културен центар“ со уметнички танц активизам се залага за подигнување на свеста

Во организација на „Интерарт културен центар“, со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, на 26 ноември во објектот „Мала станица“ при Националната галерија во Скопје, почна првиот од серијата настани насловени „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“.

Во контекст на темата, родовата еднаквост и семејното насилство, настанот беше отворен со танцов перформанс во изведба на танчарите на Скопје танцов театар и подмладокот на компанијата, студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“.

Танцовиот перформанс „Dancing Table“ е во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, костимите се на Благој Мицевски, а сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ.

Настапуваат танчарите на Скопје танцовиот театар Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Бобан Русески и подмладокот од Катедрата за современ танц при УГД: Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела Ангела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска, Стефанија Милевска Враниќ.

На настанот беше прикажан и танцов филм со истиот наслов, за кој инспирација беа сведоштвата на жртви на родовата (не)еднаквост и семејното насилство. Свое учество на настанот имаа и тројца активисти што говореа од различни аспекти на темата, и тоа: Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство; Огнен Јанески, амбасадор против говорот на омраза за Западен Балкан на Советот на Европа и ЕУ, и Ана Зафирова, новинарка и активистка.

Проектот има за цел преку уметнички активизам да се подигнува свеста за родовата (не)еднаквост и семејното насилство, а во текот на пролетта 2023 година ќе патува низ десетина градови во земјава со цел да се поттикнат активностите и свесноста на што поголема територија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 157, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 3-4 декември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот