Институтот за македонски јазик одбележува јубилејни 70 години

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска со свечена академија ќе одбележи 70 години од основањето и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков.

Како што е најавено, на академијата ќе се обратат претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 година, со цел сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот