Инспекторите со врзани раце: Кој е најнискиот износ за К-15, ако фирмата има финансиски проблеми?

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Директорката на ДИТ, Весна Томовска потврди дека и годинава некои фирми исплатиле по 1, 10 или 20 денари на име регрес и за тоа е виновно неприцизното толкување на најнискиот износ на К-15, ако фирмата пријави дека има финансиски потешкотии

За 2022 година 13.930 работници примиле регрес за годишен одмор, 9.536 не го добиле целиот износ, а 479 работници не примиле ниту денар, прецизираше директорката на ДИТ, Томовска. Таа потврди дека и годинава некои фирми исплатиле по 1, 10 или 20 денари на име регрес и за тоа е виновно неприцизното толкување на најнискиот износ на К-15, ако фирмата пријави дека има финансиски потешкотии. Таа апелираше до Организацијата на работодавачи и ССМ да седнат и да ја доусогласат и допрецизираат Спогодбата која ја потпишале во далечната 2015 година, оти нејзината непрецизност им ги врзува рацете на трудовите инспектори.

-Нашите инспектори се правници, а не се вешти лица за да ја толкуваат одредбата колку треба да биде низок прагот на минималниот износ на К-15, ако фирата пријави дека има проблеми со ликвидноста. Износот не е дефиниран и затоа има фирми кои и годинава исплаќаат по 1, 10 или 20 денари на име регрес. Вака е оставено на дискреционото право на работодавачот да ја одреди минималната сума и ние тука сме немоќни да интервенираме – објасни Томовска.

Според Томовска, работниците се повеќе се охрабруваат да си ги бараат и бранат своите права кои им следуваат и тие може и електронски и анономно да ги пријавуваат своите газди. Одговарајќи на новинарско прашање, таа откри дека досега од медиумите не примила поплака во врска со исплатата на регресот за годишен одмор, а првата пријава според која постапиле е од националниот сервис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот