Инспекциските служби ги отстранија дивите пазарџии во Реонски Центар во Општина Аеродром

Општината излезе на терен и постапи по пријави на граѓани и околните стопанственици, кои со години испраќале поплаки до Општината

Инспекциските служби на Општина Аеродром спроведоа акција за остранување на дивите пазарџии и препродавачи во Реонски центар, кои притоа не биле казнети, но им било наложено веднаш да ги тргнат дивопоставените импровизирани тезги, со опомена истото да не го повторат во иднина, информираат од оваа скопска општина.

-Општината излезе на терен и постапи по пријави на граѓани и околните стопанственици, кои со години испраќале поплаки до Општината. Нашата намера е да ја спречиме и превенираме оваа честа појава која не само што претставува лоша слика за овој фреквентен дел од Аеродром, го попречува слободното движење на граѓаните и зафаќа дел од паркинзите, туку и ја поттикнува и развива сивата економија. Општина Аеродром ги интензивира инспекциските контроли на терен и застанува на страната на граѓаните и чесната приватна иницијатива на секој што на легален начин се занимава со ваквите сродни дејности – велат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот