Инфлацијата во еврозоната месецов се искачи на рекордно ниво од 10,7%

Инфлацијата во еврозоната се очекува да достигне ново рекордно високо ниво од 10,7% во октомври, пренесува „Еуроњуз“.

Доколку во ноември Евростат, официјалната агенција за статистика на блокот, ги потврди овие податоци, ова ќе биде прв пат инфлацијата да го надмине прагот од 10%.

Зголемувањето беше поттикнато од цените на енергенсите за кои Евростат проценува дека се за 41,9% повисоки од истиот месец минатата година. Во меѓувреме, се верува дека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснале за 13,1 отсто на годишно ниво.

Инфлацијата во септември изнесуваше 9,9 отсто.

Балтичките земји остануваат најдлабоко погодени со годишната инфлација која останува над границата од 20%. Естонија е прва со проценка од 22,4%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот