Индијци му ја продадоа помалата ќерка на соседот (46) за да го платат лекувањето на постарата

Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Родители во Индија ја продале својата 12-годишна ќерка на постар човек за да платат за лекувањето на нивната постара, 16-годишна ќерка, која страда од респираторно заболување, пишува „Тајмс оф Индија”.

Семејството склучи „договор” за десет илјади рупии (околу 137 долари) со 46-годишен сосед кој долго време сакал да се ожени со нивната ќерка. Веднаш по венчавката, мажот го однел девојчето кај неговите роднини. Наскоро неговите соседи се обратиле до властите кога почнале да ги слушаат постојаните вресоци и плачења на детето.

Девојчето сега е под грижа на Социјалната служба. Полицијата отвори случај против човекот кој ја купил и тој е на распит. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот